logo
logo
logo

„Ед Ширан е РЕИНКАРНАЦИЈА НА МОЈАТА ПОКОЈНА ПРАБАБА“ (ФОТО)

Vecer | 15.01.2022

„Ед Ширан е РЕИНКАРНАЦИЈА НА МОЈАТА ПОКОЈНА ПРАБАБА“ (ФОТО)

Фан на поп-пејачот Ед Ширан од Данска, а по потекло од Хрватска, е убеден дека негов идол е реинкарнација на неговата покојна прабаба и има многу добра причина за тоа.

Имено, 30-годишниот музичар има впечатлив изглед, црвена боја на коса и блед тен, а покојната Данка исто така изгледа речиси идентично со цртите на лицето.

Така, истражувајќи го своето семејно стебло, студентот открил дека неговата покојна прабаба изгледа идентично како Ширан. За време на семеен собир, Едуард Хромковиќ од Копенхаген останал вчудовиден од откривањето на старата фотографија од неговата прабаба, за која сите заклучиле дека е слика и прилика на Ширан.

„Тоа беше за време на семејно обединување пред неколку години. Имаше околу 200 луѓе таму. Моето семејство е доста големо и распространето во неколку различни земји“.

Инаку, како што рече, при споменатата семејна дружба некој направил семејно стебло со фотографии од постарите генерации.

„Ги погледнав сликите затоа што не го познавав моето семејство. И тука беше таа, фотографија од мојата прабаба. Морав да погледнам повторно, па дури и побарав голем број од членовите на моето семејство сами да се уверат. Сите потврдија дека навистина личи на Ед Ширан“, изјави Хромковиќ.

Иако прабабата иста како и познатиот црвенокос музичар, студентот не верува дека има друга врска меѓу нив.

„Никогаш не знаеш, нели? Колку што знам, поголемиот дел од моето семејство живее и доаѓа од Словачка. Но, ако отидеш доволно далеку во минатото, има и хрватско потекло. Затоа се сомневам дека е можна каква било врска, за жал. “, додаде Едуард.

Имено, неверојатната фотографија стана хит на интернет кога Едуард ја сподели на Редит, каде за многу кратко време запрепасти многу корисници кои не можеа да им поверуваат на своите очи. Наскоро обожавателите ја преименуваа неговата прабаба Една Ширан.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk