logo
logo
logo

Подгответе се за спектакл во СЦ „Јане Сандански“

СЕНИДАХ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Концертот го закажа на 14 февруари!

Vecer | 21.11.2025

СЕНИДАХ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Концертот го закажа на 14 февруари!

Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.

Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.

Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.

Организацијата ја потпишува SKYMUSIC, а публиката во Скопје ја очекува продукција на светско ниво – моќен звук, силна визуелна режија и сценски дизајн што го следи секој ритам и емоција на нејзиниот автентичен израз. Тоа ќе биде концерт кој ја потврдува Сенидах како една од најхрабрите и најдоследни авторки на денешната регионална музика.

Влезниците за концертот на Сенидах почнувајќи од денес се достапни преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk