logo
logo
logo

Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости на концертот на Бојана

Vecer | 18.03.2026

Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости на концертот на Бојана

По скопскиот концерт, Бојана Скендеровски продолжува со ново музичко дружење, овојпат со штипската публика. На 21 март, во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип, таа ќе одржи концерт кој ќе донесе вечер исполнета со музика, емоции и блиска средба со публиката.

Концертот ќе биде збогатен со двајца специјални гости Огнен Здравковски и Коки Јанков, кои заедно со Бојана ќе создадат дополнителна енергија на сцената и ќе ја направат оваа музичка вечер уште поуникатна за штипската публика.

Штип за Бојана не е само уште една концертна станица, туку град поврзан со едни од најзначајните моменти во нејзината кариера. Токму на сцената на легендарниот фестивал „Макфест“ таа ги освои своите две големи победи со песните „Немам одбрана“ и „Диви цветови“, а од Штип симболично започна и караванот „Македонијо, во срце те носиме“.

Концертот почнува во 20 часот и е бесплатен за публиката, во знак на благодарност за долгогодишната поддршка од штипската публика, на која Бојана ѝ ветува незаборавно музичко патување низ нејзината повеќе од две децении долга музичка кариера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk