logo
logo
logo

Божо Вреќо го слави Ѓурѓовден – погача со мотиви од Хиландар и Свети Симеон Мироносен

Vecer | 05.05.2025

Божо Вреќо го слави Ѓурѓовден – погача со мотиви од Хиландар и Свети Симеон Мироносен

Божо Вреќо го прославува Ѓурѓовден со погача и јорговани, со духовна посветеност на Свети Ѓорѓи и лична молитва за сила и заштита.

Еден од најголемите христијански празници, Ѓурѓовден, ќе се прослави утре меѓу верниците на православна црква. Овој ден е посветен на Свети Георги, големиот маченик и заштитник на правдата, храброста и верата, и се слави на 6 мај според Грегоријанскиот календар, односно на 23 април според Јулијанскиот календар.

Ѓурѓовден е еден од најчестите слави, а меѓу оние што го слават е и познатиот босански уметник и пејач на севдалинки, Божо Вреќо, кој на посебен и емотивен начин ги сподели подготовките за празникот со своите следбеници на Инстаграм.

Во најавата, Вреќо ја погажа погачата, со букет јорговани, цвеќиња кои често се поврзуваат со доаѓањето на пролетта, духовната обнова и чистотата.

– Ова е мојата славска погача во чест на Свети Ѓорги и утрешниот Ѓурѓовден. Ова се гроздовите на Свети Симеон, кои ги направив од мојата голема љубов кон Света Гора и Хиландар. Боже, прости ни ги гревовите наши и дај ни сила, милост и семоќна љубов, зашто само Ти си. Светот е полн со ламји во човечки облик, па нека ни е на помош Свети Ѓорѓи во сите денови од нашиот живот – напиша Божо.

Зошто се прави погача за слава?

Славската погача е една од најважните карактеристики на православната слава. Го симболизира Христос – лебот на животот, и преку чинот на неговото сечење и полевање со вино од страна на домаќинот и свештеникот, домот се осветува, а семејството се собира во вера.

Погачата не се јаде како обичен леб – таа е духовен дар, посветен на светецот-заштитник на домот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk