logo
logo
logo

Легендарниот РОБЕРТ ДЕ НИРО СО СВОЈАТА ДЕВОЈКА НА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Vecer | 13.05.2025

Легендарниот РОБЕРТ ДЕ НИРО СО СВОЈАТА ДЕВОЈКА НА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Роберт де Ниро (81) и неговата партнерка Тифани Чен се појавија вечерва на црвениот тепих во рамките на отворањето на 78-от Кански филмски фестивал, каде што на легендарниот актер ќе му биде врачена почесната Златна палма за животно дело.

Парот, иако ретко се гледа заедно во јавност, овој пат гордо прошета пред фотографите на црвениот тепих на Канскиот фестивал, а Роберт де Ниро се одлучи за класичен тегет смокинг, кој го комбинираше со бела кошула и црна вратоврска-пеперушка, додека неговата партнерка блескаше во црна тоалета со прерамки, со изразено деколте и светкав горен дел, кој дополнително ја нагласуваше нејзината женствена силуета. Косата ѝ беше врзана во едноставно опавче, а стилизирањето го надополни со дискретни, светкави детали.

Де Ниро и Чен имаат двегодишна ќерка, Џија, која ја добија во април 2023 година. Двојката се запозна во 2015 година на снимањето на филмот „Практикант“, а гласините за романса почнаа да кружат кога првпат беа видени заедно во Франција во август 2021 година. Оттогаш се неразделни.

Покрај ќерката Џија, Де Ниро е татко на уште шест деца: ќерките Дрена (53), Ирена (29) и Хелен (13), како и синовите Рафаел (48), Џулијан (29) и Елиот (27).

Добитник на два Оскари

– Имам многу блиски чувства кон Канскиот филмски фестивал. Во време кога толку многу работи во светот нè разделуваат, Кан нè зближува – раскажувачи, филмски режисери, публика и пријатели. Ова навистина ми се чини како враќање дома – рече Роберт де Ниро за Канскиот фестивал во едно интервју.

Церемонијата на доделување на наградите се одржува вечерва во Палатата на фестивалите, со што официјално ќе се отвори 78-от Кански филмски фестивал, кој ќе трае до 24 мај.

Актерската легенда, добитник на два Оскара, поранешен претседател на фестивалското жири и чест гостин на Канскиот фестивал, со ова признание уште еднаш го потврди својот неизбришлив белег во светската кинематографија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk