Сега американско-францускиот државјанин има долга приказна на приврзаност кон Европа, вклучувајќи го и неговиот брак од 2014 година со Амал - британско-либанска адвокатка за човекови права која зборува течно француски. Покрај тоа, Клуни поседува имот во живописната област на Езерото Комо во Италија, купен во 2002 година Со Амал имаат и имот во Англија купен подоцна, пренесуваат француските медиуми.
Објавата во францускиот Службен весник, се чини, го потврди стремежот на којшто Клуни алудираше на почетокот на декември кога ги поздрави француските закони за приватност коишто го штитат неговото семејство од папараци.
- Ја сакам француската култура, вашиот јазик, дури и ако сè уште сум лош во тоа по 400 дена курсеви, изјави 64-годишниот глумец за радио „Ер-те-ел“ (RTL). - Тука не фотографираат деца. Нема папараци скриени пред училишните порти. Тоа е број еден за нас!, додаде тој.

Неговиот имот во јужна Франција - поранешен вински имот наречен „Домен ду канадел“ (Domaine du Canadel) беше купен во 2021 година. Брачната двојка, исто така, поседува стан во Њујорк и имот во Кентаки, но наводно ги продале куќите во Лос Анџелес и во Мексико.
Клуни, сепак, вели дека, иако познатото семејство патува низ цел свет, нивниот француски дом „е местото каде што сме најсреќни“. Амал и Џорџ се родители на осумгодишни близнаци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата