Не бега од ништо, па во кампањата користи светски ѕвезди, а сега на ред е познатиот Џони Деп.
Во видеото објавено на TikTok, Вучиќ објаснува како Џек Спароу го донел Џони Деп во Белград. Во еден момент популарниот филмски лик сфаќа дека му недостига златник, а потоа му паѓа на памет дека е во Србија. Тогаш е прикажан моментот во кој Вучиќ му дава медал на Деп за исклучителен придонес во српската уметност.
@jasamaleksandar Kako je Džek Sperou doveo Džonija Depa u Beograd? #johnnydepp #piratesofthecarribean #jacksparrow #jasamaleksandar #serbia🇷🇸 #srbijanesmedastane #follow ♬ original sound - Ja sam Aleksandar
Иако некои ги сметаат видеата на претседателот на Србија за бизарни, гледаноста не само што не се намалува, туку има и такви кои уживаат во неговата кампања.
„Братот создава свој Холивуд“, гласи еден од коментарите на објавата, а друг додаде дека „креативноста на братот е на сосема друго ниво“.
Вучиќ претходно објави видео во кое ги прашува следбениците на TikTok дали знаат дека Лорд Волдеморт, измислен лик од серијата романи за Хари Потер, е Србин.
@jasamaleksandar Ono kad lord Voldemor postane Srbin! #ralphfiennes #jasamaleksandar #harrypotter #serbia #serbianpassport ♬ original sound - Ja sam Aleksandar
Имено, актерот Ралф Фајнс, кој го отелотвори Волдеморт, во 2017 година доби српско државјанство од премиерката Ана Брнабиќ во знак на благодарност за снимањето на филмот „Кориолан“ во таа земја.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата