logo
logo
logo

Џони Деп: Единственото место каде што се чувствувам нормално е мојот дом на Бахамите

Vecer | 14.09.2023

Џони Деп: Единственото место каде што се чувствувам нормално е мојот дом на Бахамите

„Очигледно, мојот живот е малку поинаков од животите на другите луѓе, во смисла дека копнеам да можам да излезам во светот и да искусам нешта, да гледам работи, да одам во продавница, книжарници. Но, не можам.“ рече актерот.

„Онаму каде што најмногу се чувствувам себеси во целиот свет и каде одам да се чувствувам сосема нормално е мојот дом на Бахамите бидејќи тоа е остров и никој не ме гледа“, објасни тој.

„Треба да имате некое засолниште, безбедно место каде што можете да избегате од погледите и интересите на другите, место каде што можете само да седите на плажа, да читате, да сликате, да медитирате или што било, тоа е слобода за мене. Тоа е единствената вистинска слобода“, заклучи тој.

Инаку, Деп неодамна се појави во нова кампања за мирисот на Dior's Sauvage. Тој потпиша договор со брендот набргу откако го доби судскиот спор против Амбер Херд.

Се верува дека нивната соработка е вредна околу 20 милиони долари, а Деп за GQ Middle East изјави дека му должи сѐ на Диор што стоел покрај него: „Никогаш не сум бил повеќе трогнат или горд што ја имав таа поддршка“.

„Никој не го направил тоа, а факт е дека Диор го направил, и за тоа им благодарам на секој човек кој учествуваше во донесувањето на одлуката да верува во мене и да се држи со мене до крај од дното до врвот и назад. Засекогаш ќе бидам нивни должник, засекогаш ќе бидам лојален“, додаде тој.

Потсетете се дека неодамна се појавија гласини дека Деп е во врска со ѕвездата од серијата Wednesday,  Џена Ортега, на што актерката одговорила пишувајќи: „Ова е толку глупаво, што не можам ни да се смеам“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk