Ѕвездата на легендарната серија „Пријатели“, Мет Лебланк, неодамна откри дека ја презел водечката улога во RPM Motorcars, специјализирана за продажба на луксузни користени автомобили. Сепак, се чини дека тој сепак сака сам да се грижи за секојдневните обврски, бидејќи е снимен како носи кеси со продукти од локалната самопослуга.
Reclusive Matt LeBlanc pictured grocery shopping amid major career change https://t.co/dtL1nDI6Td @DailyMailCeleb
— Julius Caesar 🚨✖️ (@SenatorCaesar) December 11, 2024
Иако публиката го памети како шармантниот и секогаш добро облечен Џои Трибиани, Лебланк денес изгледа многу поинаку, што предизвика загриженост кај неговите обожаватели и колеги. Поранешниот препознатлив изглед на актерот сега е променет, што многумина го поврзуваат со тешкиот период обележан со смртта на неговиот близок пријател и колега Метју Пери во октомври 2023 година.
Потсетете се дека Лебланк се нема појавено во ниту еден филм или ТВ проект од специјалното обединување на пријателите на HBO во 2021 година, кога изјави дека „одвојува малку време за себе“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата