Таа и сопругот Ендру Лококо, менаџер од Сан Диего, се пофалија дека син им се придружил на нивното семејство.
Момчето се родило на 19 септември, а гордата мајка објави фотографија од бебето. „Поздравете го Елија Оушн Рајт Лококо, роден дома во вторник на 19 септември. Ние сме здрави и среќни. Ендру и јас сме толку вљубени во нашето сонце“, напишала актерката.
Бони не сакала да се породи во болница, туку дома. Придружувана била од бабица и лекар. „Многу сме благодарни на нашиот тим кој нè држеше за раце цело време и го направи нашето патување толку радосно“, додаде Бони.
На крајот открила дека нејзиниот сопруг бил присутен на породувањето. "Конечно, тука е мојот Ендру, најголемата поддршка за време на породувањето. Го стиснав толку цврсто, но тој не мрдна. Елио го има најнежниот и најљубезен татко", напишала таа. Бони и Ендру се во брак од минатата година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата