Моделот, кој го прослави својот роденден во четврток, 23 април, откри на својот Инстаграм со што ја изненадил 51-годишниот актер.
Купер ѝ подари на својата девојка огромен цветен аранжман исполнет со жолти, розови, црвени и бели цвеќиња поставени меѓу бујно зеленило. Хадид сподели фотографија од аранжманот на нејзината трпезариска маса.
.jpg)
„Мој човек, нема што“, напиша Џиџи покрај фотографијата, додавајќи емотикон со изненадено лице.
Тие ја чуваат својата врска претежно приватна
Џиџи Хадид и Бредли Купер првпат почнаа да се забавуваат во октомври 2023 година. Двојката претежно ја чуваше својата врска подалеку од очите на јавноста, а моделот досега објави фотографија од Купер на својот Инстаграм само еднаш, за нејзиниот 30-ти роденден минатата година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата