Пред настапот, познатата пејачка застана во позната продавница за дијамантски накит и се почасти, а по патот купи подарок за пријател.
Познатата пејачка Лили Ален потроши 50.000 долари во готово за време на шопинг во Атланта. Музичарката, која претходно призна дека е зависна од трошење пари, се почасти со нов дијамантски накит.

Ален моментално настапува во САД откако го издаде албумот „West End Girl“, а неколку часа пред концертот во Атланта, таа посети позната продавница за накит. На профилот на продавницата се појави видео на кое се гледа како Ален плаќа за скапиот накит со огромните суми готовина што ги носеше во нејзината чанта Биркин од 14.000 долари.
Ален купи тениска нараквица од 15.000 долари, обетки во вредност од 25.000 долари и мистериозен подарок од 20.000 долари за пријател. Иако вкупната сума со данок беше 54.450 долари, продавачот прифати 50.000 долари бидејќи тоа беше износот што пејачката го имаше во готово.
Пејачката, се чини, не се ослободила од своите стари навики, за кои, како што претходно откри, одела на терапија.
Ален пред неколку месеци изјави дека „пазарила како луда“ за да го прослави успехот на својот последен албум. Во тие моменти, таа била „убедена дека е милијардерка“, но на крајот од годината открила дека се лекува од зависност од трошење пари.
Ален постигна огромен успех со својот нов албум, нејзин прв по седум години. „Девојка од Вест Енд“ е снимен за само 10 дена, среде нејзиниот бурен развод од актерот Дејвид Харбор во декември 2024 година. Актерот, како што тврдеше, ѝ бил неверен, а таа пееше за неговите афери во своите нови песни.
Нејзиниот нов албум беше номиниран во три категории на BRIT наградите, но пејачката не победи во ниту една од нив.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата