Тие биле во брак речиси 17 години, а Алба го потврди разводот кон средината на јануари.
Според документите до кои дојде Дејли Мејл, актерката го поднела барањето со помош на Лора Васер, која меѓу другите има работено за Ким Кардашијан, Аријана Гранде, Џенифер Лопез и Кевин Костнер. Алба и Ворен немале предбрачен договор.
Актерката наводно планира да се откаже од презимето Ворен и да си го врати моминското презиме. Во текот на парницата ќе се утврдува и што точно ќе биде со нивниот заеднички имот. И двајцата бараат заедничко старателство над нивните три деца, ќерките Онор Мари (16) и Хевен Гарнер (13) и синот Хејс (7).
Да потсетиме, Алба го потврди разводот на 16-ти јануари на социјалните мрежи. Гласините за нивното разделување се појавија една недела порано, а актерката во објава на Инстаграм рече дека била „на патување на себеоткривање со години - и како поединец и заедно со Кеш“.
„Горда сум на начинот на кој растевме во нашиот брак во изминатите 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје на раст и развој како поединци. Одиме напред со љубов, добрина и почит еден кон друг и засекогаш ќе останеме семејство. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и бараме приватност во овој момент“, рече таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата