logo
logo
logo

Џерард Батлер поради улога во филм морал да вежба 6 пати дневно (ВИДЕО)

Vecer | 06.06.2023

Џерард Батлер поради улога во филм морал да вежба 6 пати дневно (ВИДЕО)

Сместен во визуелно волшебната античка Грција, филмот на Warner Bros, објавен во 2007 година, бараше физичка сила и жива имагинација од актерите, додека стоеја пред синиот екран, облечени во црвени наметки и кожени гаќички, за да ги отелотворат Спартанските воини.

Значаен аспект на филмот беше импресивната фигура на актерите. „Бев во најдобрата форма во мојот живот“, се сеќава Батлер, кој го играше кралот Леонидас. „Подготовката за филмот беше интензивен процес, кој бараше шест часа тренинг секој ден - два часа CrossFit, два часа бодибилдинг и два часа борбена кореографија. Иако режимот беше исцрпувачки, резултатите беа исклучителни. Некако го уништував моето тело, но изгледав неверојатно додека го правев тоа“, изјави Батлер во интервју за „Холивуд репортер“.

Но, снимањето на тој филм не беше само за добивање во врвна физичка форма. Филмот е целосно снимен пред син екран, поради употребата на специјални ефекти. Снимањето траело два месеци и се одвивало во Монтреал во 2005 година, со исклучок на една сцена која е снимена на отворено.

Филмот, кој имал буџет од 60 милиони долари, барал од актерите да се потпрат на својата имагинација за да ја визуелизираат околината. „Имаше моменти кога шетав во црвена наметка и мали кожени гаќички и некој покажуваше со прст кон нешто и ми рече: „Гледај! Тоа село гори! И се сеќавам дека помислив: „О Боже. Овој филм ќе биде толку лош“, се сеќава Батлер.

И покрај првичните сомнежи, филмот се покажа како триумф на технологијата и креативната визија, со заработка од 456 милиони долари. CGI го претвори синиот екран во драматични борбени сцени, преселувајќи ја публиката во срцето на античка Спарта.

Првиот поглед на финалниот производ ги остави Батлер и неговиот тим вчудоневидени. „Кога првпат го видов финалниот производ, бев опкружен со 13 мои колеги и пријатели, бевме во шок“, рече Батлер, пофалувајќи го Снајдер. "Погледнете што направи Зак! Не можам доволно да го пофалам како режисер, креативна личност и љубезна, возбудена, страсна личност."

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk