logo
logo
logo

Џенифер Лоренс за голотијата во нејзините филмови

Vecer | 06.11.2025

Џенифер Лоренс за голотијата во нејзините филмови

 Американската глумица, имено, е во главната улога, заедно со Роберт Патинсон, во психолошкиот трилер „Умри, љубов моја“ (Die My Love), во режија на Лин Ремзи. Филмот содржи и неколку сцени со голотија и сексуална содржина.

- Не ми е гајле за голотијата. Едноставно, не ми е гајле. Не сум чувствителна во врска со тоа. Сакав Лин Ремзи да има целосна уметничка слобода. Мислам дека бременоста ми одзеде дел од егото и вознемиреноста, изјави Лоренс за „Вулчр“ (Vulture).

Актерката проговори и за комедијата „Девојка за сè" (No Hard Feelings, 2023), каде што исто така, се појавува гола, а била и на диета. Но, вели, последниов филм е сосема поинакво искуство.

- Бев бремена. Што можев да правам? Дали да не јадам? Работев по 15 часа на ден. Само бев уморна, појасни таа.

За неа било „ослободувачки“ да не се грижи за тоа како би изгледала на екранот.

- Се сеќавам дека ми испратија крупен план од целулитот и ме прашаа: „Дали сакате да го ретушираме ова?“ И јас реков: „Не. Тоа е задник“, се присети глумицата.

„Умри, љубов моја“ ќе се прикажува во кино од утре. По учеството на неколку фестивали низ светот, оценката на ИМДБ е 6,6 /10, а на „Ротен томатос“, го препорачуваат 76 отсто од филмските критичари.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk