logo
logo
logo

Џенифер Лопез по речиси 10 години ќе објави нов албум

Vecer | 30.11.2023

Џенифер Лопез по речиси 10 години ќе објави нов албум

Истиот ден, 16 февруари 2024 година, ќе биде прикажан и придружниот музички спот, објави ѕвездата на својот Инстаграм.

Спотот е во режија на Дејв Мејерс, а според соопштенијата за печатот, тој е „екстравагантна визуелна и аудио гозба со импресивна кореографија, костими и многу ѕвезди во камео улоги“.

Лопез го објави албумот во ноември 2022 година, кога објави списокот со наслови, вклучувајќи го и Dear Ben Pt. II, а најверојатно станува збор за нејзиниот сопруг, актерот Бен Афлек, со кого ја обнови врската по години разделба и повторно се венчаа во јули.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Новиот албум е претставен „како најискрен и личен“, всушност е љубовна приказна на пејачката, актерка, ѕвезда која досега има издадено осум студиски албуми, еден ремикс, три компилациски албуми, еден со музика од филмови, 65 синглови, пет песни за хуманитарни цели и 12 за промотивни цели.

Џеј Ло има продадено повеќе од 80 милиони плочи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk