За јавноста е малку џудно токму тоа што мегапопуларната пејачка се уште сака да биде во близина на екс сопругот, по бурниот крај на нивниот краток брак.
Џеј Ло неодамна добро го разгледала имотот кој не бил објавен на пазарот на недвижности, а според извори блиски до Лопез, таа е многу импресионирана од имотот.
Сепак, и покрај тоа што го сака имотот, Лопез има сериозна загриженост за квалитетот на воздухот, со оглед на неодамнешните шумски пожари што ја зафатија областа. Извор за „ТМЗ“ наведува дека пејачката планира да ангажира експерт за проценка на квалитетот на воздухот за да ја процени состојбата на областа пред да донесе конечна одлука за купувањето. Во меѓувреме, Бен Афлек, актерот и режисер, кој исто така поседува вила вредна 20 милиони долари во близина на Брентвуд и Пацифик Палисадес, мораше да го евакуира својот дом поради опасност од пожар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата