logo
logo
logo

Џенифер Лопез бара утеха кај најдобриот пријател на Бен Афлек (ФОТО)

Vecer | 09.09.2024

Џенифер Лопез бара утеха кај најдобриот пријател на Бен Афлек (ФОТО)

Во екот на разводот, многумина мислат дека тоа покажува дека таа поминува низ тежок период.

Се разбира, како и со секое раскинување, таму е некој како „рамо за плачење“. Сепак, на премиерата го сретнала  Мет Дејмон, човекот кој моментално е познат како „личноста во најлоша позиција“ - најдобриот пријател на Бен Афлек.

Познато е дека Мет Дејмон и Бен Афлек се познаваат уште од детството, но дека заедно, рамо до рамо, постигнале многу успеси. Почнувајќи од уписите за актерска школа и успехот што го постигнаа, освојувајќи награди. Нивното пријателство во Холивуд е познато како едно од „најиздржливите“, а со оглед на тоа колку долго трае, јасно е дека Мет и двата пати бил таму за да биде сведок на раскинувањето на Бен и Џенифер.

Тој е човек кој знае сѐ и јасно е дека не е во ситуација да бира страна иако доволно долго ја познава Џенифер.

На фестивалот во Торонто, Џенифер беше видена како седи со Мет на афтер-забавата, држејќи го за рака додека разговараа. Се чини дека „одмаздничкиот фустан“ останува само оклоп на скршена жена.

Во еден момент очите и се наполнија со солзи, а изгледа дека Мет ја прави вистинската работа - тука е и за двајцата. Иако е повеќе од коректно како личност која двапати била во улога на пријател на бивши сопружници, повторно сите стојат на истото - никој не би сакал да се најде во кожата на Мет. Но, според сликите, некои наведуваат и дека „не се знае кој кого теши овде“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk