Тоа, како дел од борбата на составот против „морето од мобилни“ на нивните настапи, каде што публиката премногу често гледа во екраните наместо да ужива во изведбите.
„Гост“ е шведски метал-состав основан во 2006 година. Тие се познати по песните „Square Hammer“, „Cirice“, „Dance Macabre“, „Rats“, „Year Zero“, „Mary on a Cross“, „He Is“ итн.
На концертот во Олимписката сала во Минхен што ќе се одржи в четврток, на 24 април, како и на сите наредни концерти во Германија, посетителите ќе треба да ги стават своите паметни телефони и часовници во посебни ќеси кои ќе бидат заклучени за време на концертите, а ќе може да се земат само во случај на потреба од итни повици.
„Гост“ ја воведоа оваа практика во 2023 година и се чини дека идејата е добра и полезна. Со тоа, составот се обидува да го минимизира и отстрани одвлекувањето, т.е. да ја врати вистинската поврзаност меѓу изведувачите и обожавателите заради автентичното концертно искуство. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата