logo
logo
logo

Џенифер Гарнер снимена како му помага на бездомник кому му требале обувки

Vecer | 19.09.2023

Џенифер Гарнер снимена како му помага на бездомник кому му требале обувки

 На снимките објавени во американските медиуми, насмеаната глумица разговара со човекот пред да му подаде ќесе полно потребни работи за секојдневен живот.

Кога сфати дека човекот е бос, таа веднаш се спушти пред него, си ги соблече патиките и се обиде да му ги облече, но нему му беа мали.

Таа потоа забележа маж во близина, кој патем ја сними случката. Глумицата се упати кон него, па го праша за бројот на чевлите.

- Колкава големина на стапала имаш? Може ли да ги купам твоите чевли? Му требаат чевли, појасни Џенифер.

Случајниот минувач праша: - Каква големина треба?

- Па, 10 и пол, одговори Гарнер.

- Носам број 11. Веднаш ќе му ги дадам!, среќно ѝ одговори минувачот и ѝ рече на актерката дека не мора да му плати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk