На спорното видео, убавата актерка може да се види како стои на улиците на Њујорк среде протест, кога некој од толпата одеднаш врз неа истури кофата полна со црно масло .
Реакцијата на бесната актерка била сè само не блага, а нејзините налутени и бесни обожаватели веднаш почнале да оставаат лути коментари на социјалните мрежи.
Сепак, се се средило откако било откриено дека овој настан не е реален, туку се случил за потребите на едно шоу. Се работи за најновиот проект во кој учествува една од најубавите жени на светот, холивудската убавица Џенифер Анистон. Се работи за снимањето на четвртата сезона на „The Morning show"..
Во сцена која потсетува на протест, Анистон, која го игра ликот Алекс Леви, беше целосно полиена со црна течност. Актерката изгледаше бесна додека статистите го избегнуваат полевањето.
Претходно овој месец, Анистон потврди дека започнало производството на четвртата сезона на серијата, објавувајќи слика на која позира со нејзините колеги во речиси идентични тексас тоалети.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата