Филмскиот херој Џеки Чен и олимписките победници во пинг-понг, Ма Лонг и Ву Џинџу, меѓу другите, утрово го носеа олимпискиот факел на вториот ден од неговото патување кон Пекинг градот домаќин на престојната Зимска олимпијада.
Патеката по која минува факелот, со кој ќе стартуваат Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, поради пандемијата е многу помала отколку патеката во 2008 година за Летните олимписки игри во кинеската престолнина.
Џеки Чен го носеше олимпискиот факел покрај делот од Кинескиот ѕид наречен Бадалинг, каде температурата утрово била минус 11 степени.
67 годишниот актер во кинеските медиуми беше претставен по неговото вистинско кинеско име Чен Ганшенг.
- Се разбудив околу 4 часот, многу среќен. Ова ми е четврта Олимпијада. Многу е студено – изјави Џеки Чен откако го носеше факелот покрај познатиот ѕид.
Бадалинг е делот од Кинескиот ѕид кој најчесто го посетуваат туристи и се протега на 70 километри северозападно од центарот на Пекинг во областа Јанкинг.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата