Неговата улога во филмската трилогија „Транспортер“ го зацврсти неговиот статус на светска ѕвезда.
Во изминатите неколку години овој британски актер се појавуваше во познатата франшиза Fast and Furious. Покрај неа, тој беше главната ѕвезда на Платениците, а доби шанса да се бори против мегалодон во два филма на Мег.
Но, тој никогаш не облекол наметка или маска на суперхерој на Марвел или на DC. Многу е малку веројатно дека гледачите ќе можат да го видат Статам таму, бидејќи тој нема намера да отелотворува такви ликови.
"Не ме привлекуваат костими со наметка и хулахопки. Сакам старомодни филмови кои ме потсетуваат на 80-тите. Ме инспирираа луѓе како Сталоне и Арнолд. Уште пред нив сакав да ги гледам Стив Меквин, Пол Њуман и Иствуд. Едноставно не гледам како некој од нив би ставил наметка и маска и да виси од жици“, изјави Статам за Variety.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата