logo
logo
logo

Џејми Ли Кертис со неверојатна реакција кога дозна дека за прв пат е номинирана за Оскар (ФОТО)

Vecer | 25.01.2023

Џејми Ли Кертис со неверојатна реакција кога дозна дека за прв пат е номинирана за Оскар (ФОТО)

Џејми во живо ги следела номинациите и не го криела изненадувањето кога го видела нејзиното име меѓу номинираните. Таа објави фотографии на Инстаграм на кои покажува како реагирала на номинацијата.

„Вака изгледа едно изненадување. Деби Опенхајмер, една од моите најстари пријателки, ми прати порака дека седи надвор од мојата куќа и ме прашува дали сакам друштво додека гледам. Деби доби Оскар за прекрасниот документарен филм што го сними - Into The Arms Of Strangers: Stories of the Kindertransport.

„Таа дојде и седна со мене како што седев со неа на денот кога таа отиде на Оскарите, кога таа победи. Се држевме за раце. Не ни сфатив дека ме слика. Без филтер. Нема лаги. Само вистината за моментот на радост“, напиша таа на Инстаграм.

Противнички на Џејми Ли Кертис ќе ѝ бидат Анџела Басет, Хонг Чау, Кери Кондон и Стефани Хсу во категоријата за најдобра споредна женска улога. Филмот Everything Everywhere All At Once освои 11 номинации на овогодинешните Оскари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk