Фокс оттогаш се повлече од очите на јавноста, а сега за прв пат после тоа излезе на сцена, каде му беше врачено специјално признание од холивудската асоцијација.
Актерот проговори за своите најтешки моменти во трогателен говор кој ги трогна сите. Емотивниот Фокс изјави дека пред шест месеци „не можел ни да оди“, па им се заблагодарил на сите за поддршката по громогласниот аплауз од публиката.
„Поминав низ нешто, поминав низ некои работи. Сега ја ценам секоја минута што ја имам. Сега сè е поинаку. Не би му посакал ниту на мојот најголем непријател да помине низ она што го поминав бидејќи е тешко кога сфаќаш дека си речиси на крајот... Тој момент кога го гледаш тунелот. Го видов тунелот, но не ја видов светлината на крајот од тунелот“, рече тој.
(WATCH) Jamie Foxx makes first Hollywood appearance since mystery illness: “Saw the tunnel - I didn't see the light” https://t.co/ALIAvxjexj | #CriticsChoice pic.twitter.com/ILrMUZwobe
— Deadline Hollywood (@DEADLINE) December 5, 2023
Инаку, актерот таа вечер не се појави на црвениот тепих, а организаторите го држеа во строга тајна неговото доаѓање на доделувањето. Новинарите дознале дека тој земал хотелска соба и останал таму до моментот кога излегол на сцената и ја примил наградата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата