logo
logo
logo

Џеј Ло се враќа посилна од порано со намера за одмазда!

Vecer | 20.10.2024

Џеј Ло се враќа посилна од порано со намера за одмазда!

Како што пишува „Дејли мејл“, светската ѕвезда има намера да му се „одмазди екс сопругот актерот на Бен Афлек“ со тоа што следната година ќе направи голем кам-бек во кариерата на сите полиња.

"Таа сака следната година да биде нејзината најдобра година и сака да му покаже на светот дека нејзиниот неуспешен љубовен живот не влијаел на неа. Џеј Ло ќе се издигне на се", изјавила за британскиот таблоид пријател на Џенифер Лопез.

Како што понатаму наведува изворот, 55-годишната убавица има намера да направи две важни промени во кариерата.

Џеј Ло сака да биде номинирана за Оскар следната година, за улогата во филмот „Unstoppable“.

Исто така, поп дивата има намера да ја „оживее“ својата неуспешна турнеја, а во блиска иднина ќе биде откриен и новиот датум за нејзиниот музички спектакл следната година.

"Таа е претставена на светот како да има проблем. Како сите тие бракови да пропаднаа поради неа. Затоа таа сака на светот да му го покаже своето ново јас, своето вистинско јас", рекол изворот.

Инаку,  Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат по 2 години брак шокираше многумина. Џенифер Лопез го наведе 26 април 2024 година како официјален датум на разделба во правните документи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk