logo
logo
logo

Џастин Тимберлејк се враќа на сцената првпат по четири години

Vecer | 25.09.2023

Џастин Тимберлејк се враќа на сцената првпат по четири години

 За познатиот поп-пејач ова ќе биде прв настап во живо по четири години. Миниконцертот е закажан за 13 декември, пренесува „Сан“.

За потсетување, поп-ѕвездата последен пат настапи во живо во април 2019 година, во Анкасвил, Конектикат, САД, на последниот концерт од турнејата под наслов „Man Of The Woods“ по истоимениот албум. Неговото враќање на музичката сцена беше најавено и со новата песна „Keep Going Up“,создадена во соработка со Тимбаленд и Нели Фуртадо, по нивниот заеднички хит „Give It To Me“ од 2007 година.

Тимберлејк (42) ќе добие 6,1 милиони долари за само еден час изведби на отворањето на новиот хотел „Фонтенбло“.

Џастин Тимберлејк неодамна се појави на сцената и со поранешниот свој бенд „Енсинк“ (NSYNC), за време на доделувањето на Ем-ти-ви видео-музичките награди. Поп-составот најави и нова песна по 20 години. Се работи за композицијата „Better Place“ за новото продолжение на цртаниот филм „Тролови“, што ќе биде објавен во ноември. Песната, пак, официјално ќе биде пуштена на 29 септември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk