Тој ќе плати кауција меѓу 300 и 500 долари, пренесува „TMZ“.
Судијата ќе одлучи за точната сума на казната во петок, на 13 септември, кога сè ќе биде изведен пред судот во селото Саг Харбор.
Договорот за признавање на вината што го постигнал адвокатот на Тимберлејк, Еди Бурк, и канцеларијата на окружниот обвинител на округот Сафолк, гарантира дека пејачот ќе го напушти Саг Харбор во петок на 13-ти без криминално досие.
Бурк постојано негираше дека неговиот клиент бил пијан кога бил уапсен, пренесува „Дејлимејл“.
На Тимберлејк и понатаму ќе му биде суспендирана возачката дозвола во Њујорк на шест месеци затоа што одбил да направи алкотест кога бил приведен.
Да потсетиме, Џастин беше уапсен на 18 јуни по ноќно излегување со пријателите во Хемптонс.
Како што соопшти тогаш полицијата, пејачот бил запрен откако го поминал знакот „СТОП“.
Како што понатаму изјавија, ја следеле музичката ѕвезда и го гледале како врти преку улицата. Откако застанал, полицајците ги забележале очите на пејачот, а се чувствувал и силен мирис на алкохол што доаѓал од него.
- Очите му беа крвави и стаклени, здивот силно мирисаше на алкохол, немаше концентрација, говорот му беше бавен. Тој беше нестабилен во одењето и имаше слаби резултати на сите стандардизирани тестови за трезвеност на теренот, се вели во судските записи.
После тоа, од него било побарано да направи алкотест, што тој го одбил.
Тимберлејк тогаш изјавил дека испил едно мартини и дека следел некои пријатели до дома.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата