logo
logo
logo

Џастин Бибер со искрена исповед за болката, верата и личното исцелување

Vecer | 25.12.2025

Џастин Бибер со искрена исповед за болката, верата и личното исцелување

Бибер призна дека поминувал низ болка и стрес во музичката индустрија, но дека денес е на пат кон исцелување, прошка и лична обнова. Тој  истакна дека за него Божиќ има големо значење, празник за љубов, прошка и време за размислување, што всушност очекуваш од животот. Воедно пејачот ни открива дека е тешко да се справиме со гневот и огорченоста.

-Се надевам дека каде и да се наоѓате, ќе ја почувствувате љубовта која нè сретнува токму таму каде што сме, без разлика на сè, додаде тој.

Според него, пораснал во систем кој го наградувал неговиот талент, но не секогаш ја штител неговата душа, па во многу наврати се чувствувал искористено и таквиот притисок му направил невидливи рани. Бибер нагласи дека поминал низ болка која го обликувала пред да има зборови да ја опише,но дека сега е исцелуван и на пат кон прошка.

-Не сакам да ја уништам музичката индустрија. Сакам да биде нова, побезбедна, поискрена и почовечна, напиша пејачот.

Истиот ден, тој објави фотографии од својот син, 16-месечниот Џек Блуз,  а истовремено сподели и фотографии од божиќните украси во семејниот дом.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk