logo
logo
logo

Џаред Лето во нова улога во филмот „Трон“, се појави трејлер (ВИДЕО)

Vecer | 04.09.2025

Џаред Лето во нова улога во филмот „Трон“, се појави трејлер (ВИДЕО)

Студиото Дизни неодамна претстави трејлер за научно-фантастичното продолжение на франшизата „Трон“, во кој нè запознава со, како што велат, врвен војник кој е неверојатно силен, молскавично брз, извонредно интелигентен и има способност да замени, да создаде нов борец, ако еден падне на бојното поле. Приказната открива што се случува кога дигиталниот свет ќе го достигне сегашниот.

Да потсетиме, Дизни даде интересен увид во новиот лик на Лето, Арес, како високо софистициран систем и непобедлива програма, зборувајќи за мисијата на доаѓањето од дигиталниот во реалниот свет како прва, физичка средба на вештачката интелигенција и човештвото.

Главниот актер во новиот наслов е саканиот Џаред Лето, добитник на Оскар и ѕвезда на филмовите „Господин Никој“, „Далас Бизнис Клуб“, „Куќата со духови“ и други, а новото продолжение алудира и на враќањето на Џеф Бриџис, познат лик од претходните две дела. Покрај нив, значајна улога игра и Еван Питерс, добитник на наградата БАФТА и наградата Златен глобус (Чудовишта), а во новиот филм на Дизни го игра Џулијан Дилинџер, контролорот на Арес, кој е особено вознемирен кога во новиот систем се појавува потенцијалот за развој на емоциите и слободната волја.

Филмот „Трон: Арес“ ја продолжува секвенцата на култниот класик на Дизни „Трон“ од 1982 година и неговото продолжение од 2010 година, „Трон: Наследство“. Потоа приказната го следеше Кевин Флин, игран од Џеф Бриџис, талентиран програмер кој е вовлечен во компјутерскиот свет, а продолжението на франшизата е смело продолжение на приказната од пред неколку децении, фокусирајќи се на нова група ликови, отворајќи ја вратата за конфликт помеѓу два, сега за нов временски распон, понапредни светови. Покрај гореспоменатите актери, во филмот глумат и Грета Ли, Хасан Минхаџ и Џулијан Андерсон, а по претпремиерата, филмот ќе биде во редовните кина во нашата земја од четврток, 9 октомври.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk