logo
logo
logo

Дурловски промовира видео за песната „Цела се Битола расплака за Александар Турунџев“

Vecer | 30.08.2025

Дурловски промовира видео за песната „Цела се Битола расплака за Александар Турунџев“

 По повод 120 години од погубувањето на големиот јунак Александар Турунџев, оперскиот пејач Игор Дурловски денеска го промовира видеото за песната „Цела се Битола расплака за Александар Турунџев“. 

Дурловски песната ја изведува во пијано придружба и аранжман на Николче Мицевски, а продукцијата е на XL Studio Momiroski, додека видеото е на Николај Грнчаров.

- Изведбава е омаж и благодарност кон подвигот што останува вечен симбол за Битола и Македонија. Ова е песна што не потсетува дека хероите живеат во нашата музичка меморија, пишува на својот профил на Фејсбук Дурловски. 

Во чест на Турунџев, вечер во организација на Општина Битола, во 19:30 часот од ОУ „Ѓорѓи Сугарев" каде бил затворен ќе тргне поворката во негова чест која ќе се движи преку плоштадот Магнолија, крај реката Драгор, Ат Пазар до местото каде е поставен споменикот. Таму во очи на откривањето на споменикот премиерно ќе ја изведеме „Црно му било пишано”.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk