logo
logo
logo

Дунавка е пак САМА, кои се кандидатите за НАСЛЕДНИК НА ВАНЕ?

Vecer | 22.06.2021

Дунавка е пак САМА, кои се кандидатите за НАСЛЕДНИК НА ВАНЕ?

Не траеше долго љубовта помеѓу манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција кои пред неполна година се верија во авион.

За крајот на љубовта објави Цветанов кој сподели со своите пријатели дека убавата љубовна приказна завршила.

-Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.

Дунавка е прекрасна личност, искрено ѝ ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света.

Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш… Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена, а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца.

Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси!, напиша Цветанов.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk