logo
logo
logo

Дуетот Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев се победници на „Фолк фест Валандово 2025“

Vecer | 26.05.2025

Дуетот Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев се победници на „Фолк фест Валандово 2025“

Тие добија најмногу гласови од стручното жири и од публиката, со чии гласови беше избран победникот.

Второто место му припадна, исто така, на дуетот Василија Петрова и Благоја Грујовски кои ја исполнија песната ,,Што си ветивме“, додека третото место го освои Смиља Митреска која ја отпеа песната „Дојди“.

За најдобар дебитант е прогласен Чеде Спасиќ кој ја испеа песната „Наздрави пријателе“, а наградата за најдобра интерпретација и беше доделена на Јованка Јо која настапи со песната „Што љубов беше“.

Награда за животно дело постхумно му беше доделена на Гоце Арнаудов за се што создал на македонската музичка сцена и вредноста што ја оставил зад себе, а во ревијалниот дел настапи доајенот на македонската фолк песна, Перо Христов.

Инаку, на Фестивалот се натпреваруваа 22 композиции созададени во духот на македонската фолк музика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk