logo
logo
logo

Дополнителни претреси во рамки на истрагата за смртта на Лијам Пејн

Vecer | 07.11.2024

Дополнителни претреси во рамки на истрагата за смртта на Лијам Пејн

Оваа вест доаѓа откако аргентинските власти, според наводите, спровеле нова рунда рации и претреси поврзани со истрагата за смртта на поранешниот пејач на „Уан дајрекшн“.

Останките сега преостанува да се пренесат во Обединетото Кралство. Тоа значи дека потребните токсиколошки и лабораториски испитувања и извештаи се завршени. Наводите говорат дека 31-годишниот поп-пејач бил под дејство на дрога пред да падне од балконот на хотелот „Касасур Палермо“  во Буенос Аирес, каде што престојувал. Тој падна од третиот кат на 16 октомври, а тоа ја предизвика неговата смрт.

Според „Дејли мејл“, комеморацијата ќе се одржи во Велика Британија, по репатријацијата на пејачот.

Американскиот таблоид „ТМЗ“, пак, пишува дека полицијата извршила рација во домовите на двајца вработени во хотелот. Според наводите, надлежните упаднале и во домот на познаник на Лијам откако ги прегледале СМС пораките меѓу двајцата. Истражителите се обидуваат да утврдат како пејачот набавувал дрога пред својата смрт.

Истрагата не укажува дека падот на пејачот бил намерен.

Но, првичните резултати од токсикологијата покажуваат дека Лијам имал „повеќе супстанции“ во телото, вклучително и траги од „розов кокаин“ - коктел од неколку рекреативни дроги, објави „Еј-би-си њуз“. Целосниот извештај од обдукцијата допрва треба да биде објавен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk