logo
logo
logo

Додека ја погребувал баба му, МУ ДОНЕЛЕ ДОКУМЕНТИ ЗА РАЗВОД на познатиот рапер

Vecer | 21.10.2021

Додека ја погребувал баба му, МУ ДОНЕЛЕ ДОКУМЕНТИ ЗА РАЗВОД на познатиот рапер

Разводот на познатиот рапер др. Дре e крајно контроверзен, и за работите да бидат уште почудни, во понеделникот му биле предадени правни документи на гробишта, додека ја погребуваl својата баба.

Извор на ТМЗ вели дека Дре во понеделникот бил на гробиштата во Лос Анџелес и дека еден од луѓето задолжени за водење на тужбата му пришол додека тој стоел до ковчегот на баба му.

Извор близок до неговата поранешна сопруга Никол Ланг вели дека Дре во моментот по погребот бил на паркингот до гробиштата.

Во секој случај, извор на ТМЗ тврди дека Дре бил бесен и не сакал да ги земе документите во свои раце. Адвокатот наводно ги оставил покрај гробот.

Друг извор тврди дека  се уште се оставени на блискиот паркинг.

Во секој случај, овој развод станува чуден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk