logo
logo
logo

Додека Ал Пачино ѝ плаќа алиментација за бебето, Нур е во лов по нов богат дедо (ФОТО)

Vecer | 09.10.2024

Додека Ал Пачино ѝ плаќа алиментација за бебето, Нур е во лов по нов богат дедо (ФОТО)

Многумина на мрежите се сомневаат во нејзината љубов кон актерот и откако доби дете со него. Нивната врска имала подеми и падови, а била на „разнишани нозе“ по породувањето, кога актерот сепак сакал да биде сигурен дека детето е негово, па побарал ДНК тест.

Откако заедно го прославија нејзиниот 30-ти роденден, се чини дека тоа не ѝ значи ништо на Нур, иако навестуваше дека се смириле, па таа си најде „нова жртва“.

Повторно, според медиумите, била видена како го напушта хотелот со американскиот комичар Бил Махер (68).

Новите фотографии се направени пред хотелот Chateau Marmont во Лос Анџелес, а врз основа на нив може да се заклучи дека таа всушност воопшто не се криела од папараците. Многумина се на мислење дека таа всушност сакала да покаже колку е среќна.

По излегувањето од хотелот, Бил и Нур влегле во неговиот автомобил и се упатиле на непозната локација. Пред сите овие пишувања, сите очи се насочени кон Ал Пачино, кој изгледа се грижи за детето додека Нур времето го поминува во хотели.

Откако ова беше обелоденето во светските медиуми, портпаролот на Пачино се огласи и ја разјасни врската:

- Ал и Нур се многу добри пријатели, а пред сѐ се трудат да му бидат добри родители на синот Роман.

Два дена претходно, Нур беше со Пачино во ресторан во Западен Холивуд. Пачино и Алфалах раскинаа на почетокот на септември, три месеци откако добија дете.

Потоа рекоа дека меѓусебно се договориле за старателството над детето. Како што напиша „Page Six“, судот во Лос Анџелес пресудил дека Пачино на поранешната партнерка мора да ѝ плати однапред 110.000 долари, односно пред да почне да плаќа алиментација.

Потоа 13.000 долари за медицинската сестра која ја посетува и дека таа треба да ги покрие сите медицински трошоци кои веќе не се покриени со здравственото осигурување. Холивудскиот актер ќе плаќа алиментација од 30.000 долари месечно, а мора да плаќа 15.000 долари годишно како фонд за образование на своето дете.

Доколку успее да плаќа алиментација до 18-от роденден на своето дете, актерот низ годините ќе плати речиси 6,5 милиони долари. Судот одлучил и Пачино и Нур да го делат старателството над детето, но детето да живее со мајката.

Подоцна беше објавено дека Пачино и Нур се уште се заедно, но се чини дека повторно не се.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk