logo
logo
logo

Ди Каприо со години немал контакт со Диди

Vecer | 24.09.2024

Ди Каприо со години немал контакт со Диди

Откако неодамна почнаа да се преобјавуваат фотографии од холивудската ѕвезда во опуштено друштво со контроверзниот рапер, извор близок до Ди Каприо тврди дека тој „со години“ не бил во контакт со Диди и никогаш не присуствувал на ниту една забава со проститутки.

„Леонардо ди Каприо нема апсолутно никаква врска со ништо од ова. Тој присуствуваше на неколку негови забави во годините по 2000-та - но, буквално сите беа таму... Немаше ништо непристојно. Тоа беа големи куќни забави. Лео во тоа време беше на почетокот на својата кариера и оттогаш се оддалечи од забавите“, нагласува неименуваниот извор.

Диди, инаку, е обвинет и дека на неговите тн. „непристојни забави“, со дрога како кетамин и кокаин, принудувал жени на секс-услуги.

„Тој (Ди Каприо) нема никаква врска со ништо од тој свет, така што некој да претпоставува дека е замешан во ова врз основа на неколку безначајни слики од пред повеќе од 20 години - е смешно. Лео е сосредоточен на кариерата и неговата врска и воопшто не размислува за федералниот судски случај со Диди, со кого тој нема никаква врска“, заклучува изворот.

Во 2017 година, во интервју за Вог, Диди беше прашан која била првата личност на листата поканети за неговата „Бела забава“, па без двоумење раперот одговори дека тоа бил Леонардо ди Каприо. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk