Како што дознава Page Six, Дикаприо (48) и Керети (25) се во сериозна врска, а веста ја потврдил извор близок до редакцијата.
Имено, откако летово беа снимени како страсно се бакнуваат во ноќниот клуб „Хај“ на Ибица, започнаа гласини за нова летна романса.
Сепак, набргу по тој излет, парот е забележан надвор и наоколу во САД во неколку наврати, што дополнително ги поттикна гласините за романтична врска. Двојката била забележана во Калифорнија, како пие кафе и јаде сладолед во Санта Барбара.
– Во последните неколку месеци поминуваат многу време заедно и уживаат во запознавањето на повисоко ниво – вели изворот.
Ди Каприо и 23 години помладата италијанска манекенка, минатата недела беа видени и на забавата на Vogue World во Лондон, а изворот тврди дека цела ноќ биле неразделни.
Друг извор изјавил дека Ди Каприо дури бил забележан како ја поддржува Виторија во Милано додека таа одела по модните писти на Модната недела.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата