Најпопуларното езеро во Италија се најде на насловните страници кога холивудската ѕвезда, актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал решија таму да ги разменат своите свадбени завети.
Оваа романтична локација е дестинација за патниците со векови, а е идеална и за уметнички души кои на оваа локација наоѓаат неисцрпна инспирација. Џорџ Клуни таму има прекрасна вила со директен пристап до езерото каде често поминувал повеќе време отколку во САД.
Веќе извесно време кружат гласини дека Клуни продава имот на езерото Комо, а бара 100 милиони евра. Гласините за продажбата датираат од 2010 година, кога тој наводно размислувал за продажба поради вниманието на папараците што го привлекувало во областа, но и поради неговата тогашна љубов Италијанката Елизабет Каналис, која сакала слободното време да го помине во неа, во родната Сардинија.

Овој пат се чини дека добил повеќе од добра понуда за која размислува, а се работи за 107 милиони долари кои му биле понудени за имотот. Актерот поседува огромна површина која се состои од Вила Олеандра, Вила Маргерита и две куќи зад нив.
Потоа истите гласини повторно се појавија во 2015 година, помалку од една година по неговата венчавка со адвокатката Амал.

„Џорџ ја сака областа и луѓето што живеат таму, но е свесен за вниманието што го добива кога е таму, во Италија“, изјави тогаш извор за Page Six.
Семејството Клуни го купи имотот Домен ду Канадел во Франција во 2021 година, а Амал, наводно, претпочита да оди таму. Во меѓувреме, Џорџ и Амал се чини дека уживаат во имотот додека сè уште ги имаат клучевите од италијанската вила. Таму биле забележани како излегуваат во неколку ресторани во околината во текот на летото.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата