logo
logo
logo

Џони Деп СЛЕТА ВО СРБИЈА, ќе се сретне со Вучиќ и Биковиќ

Vecer | 19.10.2021

Џони Деп СЛЕТА ВО СРБИЈА, ќе се сретне со Вучиќ и Биковиќ

Познатиот актер Џони Деп (58) рано попладнето слета во приватен аранжман во Белград, каде што го чека густ распоред, пренесуваат српските медиуми.

Деп требаше да пристигне во српската престолнина од Рим наутро, но летот беше одложен неколку часа поради технички проблеми. Како и да е, Деп конечно се појави на аеродромот околу 14.30 часот пред новинарите кои трпеливо го чекаа.

Иако во последно време се појавува почесто во суд отколку во високо буџетни филмови Деп сепак има статус на голема холивудска ѕвезда, па не е чудно што ќе  се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, со кого има средба после 15 часот, на средбата ќе ги придружува еден од најпопуларните српски актери, Милош Биковиќ.

Исто така, Деп ќе присуствува на прием и прес -конференција по повод промоцијата на првата анимирана серија произведена во Србија во продукција на Архангел дигитални студија. Ова е причината за неговото доаѓање во Србија, каде што беше неколку пати и секогаш е добредојден гостин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk