logo
logo
logo

Џеј Ло во фустан од соништата: Деколтето НИКОГАШ ПОДЛАБОКО, ГРМИ!

Vecer | 02.10.2023

Џеј Ло во фустан од соништата: Деколтето НИКОГАШ ПОДЛАБОКО, ГРМИ!

Џенифер Лопез била гостинка-изненадување на популарните Daytime Beauty Awards во Холивуд, а иако го прескокнала црвениот тепих и се појавила на сцената само за да ги додели наградите, таа се пофали со своето издание на Инстаграм. И  навистина блескала!

Џеј Ло најчесто игра на картата сексапил на црвениот тепих, а овој пат ги споила чистата женственост и сензуалност и се чини дека тоа е добитна комбинација.

Имено, латино дивата блеснала во прекрасен фустан кој е невозможно да не се забележи во гужвата, а кројот, моделот и боите одлично се совпаѓаат со нејзината фигура, но и со нејзиниот сензибилитет.

 

Dženifer Lopez

 

Оваа креација ја потпишува луксузниот бренд Bach Mai, а се работи за тоалета со миди должина што ја следи линијата на торзото, по што се шири во полн круг, но е украсен и со карнери. Фустанот е во бела боја и со неверојатно убав цветен дезен - надополнет со големи цветови во различни нијанси на розова и виолетова. Исто така, екстремно длабокото деколте на овој модел му донесе посебен шарм и му даде нота на заводливост.

Атрактивната 54-годишна девојка го комплетираше изданието со розови сандали со ремчиња и висока потпетица, како и розова чанта и прекрасни обетки. Избрала ниска, елегантна пунџа и го истакнала своето убаво лице и феноменалната, глам шминка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk