Една од најубавите жени на светот која им пркоси на години Џенифер Лопез повторно е сингл. Како што објавија странските медиуми поп дивата Џеј Ло и нејзиното момче Алекс Родригез наводно решиле да и стават крај на врската.
Извор близок на Родригез тврди дека тој е сам во Мајами и дека веќе е сингл.
View this post on Instagram
Џеј Ло и Алекс Родригез беа заедно од 2017 година, а заедно ги воспитуваа нејзините близнаци и неговите ќерки. Свадбата ја откажаа два пати досега, а последен пат се виделе во февруари
View this post on Instagram
Наводно двајцата одлучиле дека нивната врска не тече по својот тек.
Лопез, особено, не била сигурна дека сака да биде во брак со Родригез, но како што е известено тие останувале пријатели и покрај разделбата.