logo
logo
logo

Џеј Ло го прослави 52. роденден, па отиде на шопинг во Монако: Фановите згрозени од нејзиното ланче (ФОТО)

Vecer | 27.07.2021

Џеј Ло го прослави 52. роденден, па отиде на шопинг во Монако: Фановите згрозени од нејзиното ланче (ФОТО)

Латино пејачката и актерка Џенифер Лопез го прослави 52-от роденден во друштво на старо-новата љубов Бен Афлек. По роденденот, прошетала низ улиците на Монако, меѓутоа, вниманието на сите им го привлекло ланчето што го носела околу вратот.

„Бенифер“ е повторно актуелен пар, судејќи според тоа што Џенифер го објавува. Официјална потврда дека таа е повторно со Бен Афлек даде на својот роденден, објавувајќи фотографија на која се бакнува со него.

А, по прославата на роденденот која се одигра во најлускузниот ресторан во Сен Тропе, Џенифер приреди уште едно изненадување.

Џенифер отишла во Монако на шопинг, а папараците успеале да го „уловат“ и новото парче накит што го носела, ланчето на кое пишува Бен.

Фотографиите веднаш завршија на социјалните мрежи, а реакцијата на публиката веројатно не е тоа на што Џенифер се надевала.

„Ова е толку незрело, нејзината ќерка е позрела од неа“, „Го однесе во најлуксузниот ресторан, престојуваат на огромна јахта, сигурно сѐ му плаќа и уште на крај носи и вакво ланче“, „Мислев дека има повеќе самопочит“, пишуваат луѓето, а многумина истакнуваат дека не веруваат во оваа љубов, туку се сомневаат дека Џенифер сето ова го прави за да го сврти вниманието од нејзиниот поранешен свршеник, бејзбол играчот Алекс Родригез.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk