logo
logo
logo

Џеј Ло доаѓа во Белград? Српски милионер платил 200.000 евра за нејзино 2-часовно присуство на приватна забава

Vecer | 17.03.2023

Џеј Ло доаѓа во Белград? Српски милионер платил 200.000 евра за нејзино 2-часовно присуство на приватна забава

Џенифер Лопез наводно во мај ќе пристигне во Белград, а познатата пејачка била поканета на приватната прослава на српски милионер.

Латино дивата ќе биде на приватна забава на бизнисмен кој за тоа наводно платил 200.000 евра.

Овој српски бизнисмен и претходно организирал забави од овој тип, на кои присуствувале познати личности.

„На забавата е предвидено Џенифер да биде два часа. Сè е договорено преку нејзините агенти. Во цената е вклучен трансферот на пејачката, престојот и дружењето со славеникот и неговите гости. Познато е дека таа слетува на аеродром околу 18:00 часот. Од аеродромот до локацијата каде што ќе се одржи прославата е потребно еден час возење. Таму ќе остане околу час или два, по што ќе се врати во Америка. Нејзиниот тим не побара дополнителни услови, освен медиумите да не присуствуваат на настанот и гостите да не ја вознемируваат со разговори. Со неа нема да биде нејзиниот сопруг Бен Афлек, тоа е сигурно. Сите други детали за нејзиното доаѓање ќе бидат познати пред нејзиното доаѓање“, изјавил извор српски „Курир“.

Српските медиуми јавуваат дека таа кон крајот на мај ќе дојде во Белград со приватен авион, по што веднаш ќе биде префрлена на локацијата каде што ќе се организира забавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk