logo
logo
logo

Џастин Тимберлејк со поддршка за Бритни: „Таа сама треба да одлучува за нејзиното тело“

Vecer | 24.06.2021

Џастин Тимберлејк со поддршка за Бритни: „Таа сама треба да одлучува за нејзиното тело“

Пејачот Џастин Тимберлејк испрати порака за поддршка до Бритни Спирс. Тој се огласи на Твитер и го искоментира сведочењето на Бритни на рочиштето за старателството на нејзиниот татко одржано на 23 јуни.

"После она што го видовме денес, сите треба да ја поддржиме Бритни во овој момент. Без оглед на нашето минато, добро и лошо, без разлика колку далеку беше тоа", напишал музичарот.

"Она што ѝ се случи едноставно не е правилно. Ниту една жена не смее никогаш да биде ограничена на донесување одлуки за сопственото тело. Никој не смее да биде држен против негова волја ... Или кога мора да побара дозвола за пристап до сè за што работел толку напорно “, продолжи тој.

"Јас и Џес и испраќаме љубов и апсолутна поддршка на Бритни. Се надеваме дека судот и нејзиното семејство ќе го поправат тоа и ќе ја остават да живее онака како што сака да живее", рече Џастин. Двајцата беа заедно од 1998 до 2002 година.

Да потсетиме, за прв пат во последните две години, Бритни се обрати на суд за контроверзното старателство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk