Како што се наведува, Хрватска прослави 30 години учество на натпреварот во 2023 година. Годинава, хрватската песна повторно се најде меѓу најдобрите десет во големото финале на натпреварот.
10. Северина - „Моја штикла“ (2006)
„Моја штикла“ на Северина го освои 12. место во 2006 година со 56 поени. Пејачката, како гостинка, изненадно се појави и на „Дора 2024“, каде Хрватска бира песна што ќе ја претставува земјата.
9. Борис Новковиќ и членовите на „Ладо“ - „Вукови умиру сами“ (2005)
Новковиќ замина на „Евровизија“ во 2005, откако ја испушти шансата да го стори тоа 15 години претходно, кога заврши на второто место на „Југовизија“. „Вукови умиру сами“ освои 115 поени во финалето во Киев и го зазеде 11. место.
8. Весна Писаровиќ - „Евритинг ај вонт“ (2002)
Писаровиќ го освои 11. место со 44 поени. Во 2004 година, Писаровиќ ја напиша песната што ја претставува Босна и Херцеговина, „Ин да диско“.
7. Вана - „Стрингс оф мај харт“ (2001)
Со 42 поени, песната на Вана заврши на 10. место.
6. Горан Каран - „Кад заспу анѓели“ (2000)
Каран го освои деветтото место со 70 поени.
5. „Магазин“ и Лидија - „Носталгија“ (1995)
Во 1995, еден од најпопуларните бендови во Хрватска, „Магазин“ ги здружи силите со Лидија Хорват - Дуњко и освоија 91 поен, завршувајќи на шесто место.
4. Данијела - „Нека ми не сване“ (1998)
„Нека ми не сване“ заврши на петтото место со 131 поен. Песната го отвори натпреварот во 1998 година и стана една од омилените на евровизиските фанови. Данијела ја претставуваше Хрватска на „Евровизија“ и во 1995 година, како дел од „Магазин“.
3. Маја Благдан - „Света љубав“ (1996)
Со 98 поени, песната заврши на четвртото место.
2. Дорис Драговиќ - Марија Магдалена (1999)
И во 1999 година, Хрватска заврши на четвртото место, овојпат со 118 поени.
1. Бејби Лазања - „Рим тим таги дим“ (2024)
Пејачот и текстописец Марко Пуришиќ ѝ го даде на Хрватска најдобриот резултат, второ место со освоени 547 поени. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата