logo
logo
logo

Дечко и на Цеца фатил корона, ги спакувал куферите и се преселил кај неа!

Vecer | 12.04.2021

Дечко и на Цеца фатил корона, ги спакувал куферите и се преселил кај неа!

Богдан Срејовиќ, дечкото на Цеца Ражнатовиќ, наводно се заразил со корона, а пејачката за да го негува подобро го преселила во својата вила на Дедиње.

Богдан кон средината на март и се пожалил на Цеца дека не се чувствува добро, се жалел на малаксаност и покачена температура, по што се покажало и дека е позитивен на корона. Набрзо ги спакувал куферите, па се преселил кај Цеца и таму поминал две недели во изолација.

- По цел ден гледале филмови и серии. Вирусот ги зближи и им ја зацврсти врската бидејќи прв пат откако се заедно, толку време поминале под ист кров. Кон него се однесувала прекрасно, му мерела температура, му давала лекови, витамини, чаеви..., открил извор близок до пејачката за медиумите во соседството.

Ниту на Цеца ниту на Богдан карантинот не им паднал тешко, а никој од нејзините не се бунел што Богдан дошол во нивната куќа. Напротив Анастасија била кај дечко и во Нови Сад, а Вељко и Богдана со внукот Жељко биле кај нејзините родители во Тител.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk