logo
logo
logo

Де Ниро (79) и неговата партнерка(45) се појавија на црвениот тепих,прв пат откако добија ќерка

Vecer | 09.06.2023

Де Ниро (79) и неговата партнерка(45) се појавија на црвениот тепих,прв пат откако добија ќерка

Двојката присуствуваше на премиерата на документарниот филм Kiss The Future. Ова беше нивно прво појавување на црвениот тепих по раѓањето на нивната ќерка Гиа пред два месеци.

Чен пристигна во црн фустан во комбинација со беж чевли, беж кардиган и розова чанта, додека актерот носеше сива маица, црна јакна и панталони. Двојката се држеше за раце на црвениот тепих.

За потсетување, на крајот на мај Де Ниро откри дека има седмо дете. "Бременоста беше планирана. Како не можете да планирате нешто такво?" изјави актерот на премиерата на филмот За мојот татко. Покрај ќерката Гиа, Роберт ги има и ќерката Дрина (51), синот Рафаел (46), близнаците Арон и Џулијан (27), синот Елиот (25) и ќерката Хелен (11).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk