logo
logo
logo

Гордиот Дедо Боба Живојиновиќ веќе слави, еве што рече откако се роди неговата внука

Vecer | 03.09.2025

Гордиот Дедо Боба Живојиновиќ веќе слави, еве што рече откако се роди неговата внука

Пејачката Александра Пријовиќ денес, 3 септември, го роди своето второ дете, ќерката Ариа.

Додека мама е во породилиштето и се опоравува од породувањето, нејзините најблиски членови се собраа во еден ресторан за да го прослават овој важен момент.

Тие размислуваа за секој детаљ, па сè во ресторанот е за малата Ариа.

Гордата баба Борка Михајловиќ, мајка на Александра Пријовиќ, го сподели првото видео од прославата каде што ја гледаме поставената маса, но и голема розова инсталација со цртеж од бебе со натпис: „Животот ни даде сè. Се роди Ариа“.

Борка го сними амбиентот, а судејќи според снимките, членовите на семејството и пријателите само се собираат.

Заедно со објавата, таа ја додаде и песната на Нада Топчагиќ „Родила се принцеза“.

Да потсетиме, породувањето помина добро, мајката и бебето се добро, а потоа се огласи гордата баба Борка Михајловиќ.

Преку Инстаграм, таа сподели прекрасна порака и првите информации за нејзината внука Ариа.

- Се роди Ариа - пишува во објавта, во која беа објавени и деталите за раѓањето.

Малечката Ариа се роди денес, 3 септември, во 15:55 часот. Тежи 3,03 кг и е долга 51 см.

Гордиот дедо, познатиот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, го објави овој прекрасен настан.

Боба беше видливо расположен, околу него се слушала врева, како што доликува на прекрасната веселба која, се чини, веќе започна.

- Ви благодарам за честитките, ви посакувам се најдобро - кратко изјави Боба Живојиновиќ за Курир, кој не криеше колку е среќен што стана дедо на малата Ариа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk