Принцезата од Велс, Кејт, ги изненади сите со нов изглед за време на посетата на Природонаучниот музеј во Лондон, каде што ги разгледа градините на престижниот музеј заедно со соругот, принцот Вилијам. Таа се појави со нова, посветла боја на долгата коса.

Иако причината за посетата беше едукативна по природа – запознавање со градините што се користат за истражување иза образовни програми – вниманието на јавноста беше привлечено од нејзината нова фризура. Наместо нејзината препознатлива темнокафеава коса, принцезата се појави со освежени, посветли нијанси и со руси прамени.
Промената првпат беше забележана минатата недела додека принцезата Кејт одеше на неделна миса, но дури сега јавноста доби целосен увид во нејзиниот нов изглед. Фотографиите од настанот станаа вирални, а обожавателите ширум светот коментираат дека новата боја и стил го освежуваат нејзиното лице.
Принцезата од Велс направи суптилни промени во својот препознатлив изглед низ годините, експериментирајќи со шишки, слоевити кроеви, па дури и донирајќи ја својата коса во добротворна организација што создава перики за деца кои се лекуваат од рак.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата